Голманот на германската репрезентација Мануел Ноер, кој воедно беше прогласен и за најдобар голман на Светското првенство изјави дека тимскиот дух и единството што владееле во репрезентацијта биле пресудни за освојување на шампионатот.
– Фантастично е да се победи во Бразил. Пресреќни сме. Нашето единство во текот на првенството беше клучно. Мораме да и честитаме и на Аргентина. Секогаш давам што е можно повеќе за тимот, а почестите се за сите, истакна Ноер.
На Мундијалот во Бразил, Ноер прими четири голови (два од Гана, и по еден од Алжир и Бразил). Синоќа во финалето успеа цели 120 минути да го одбрани голот од Аргентинците.