На жителите на Хелсинки до 2025 година автомобилите можеби воопшто нема да им бидат потребни, бидејќи властите имаа амбициозен план за трансформација на постоечката мрежа за градски превоз, со што автомобилите ќе бидат потполно непотребни за движење низ градот, пренесе „Гардијан“.
Станува збор за иновативен систем во кој ќе бидат обединети сите јавни превозни средства и со негова помош луѓето ќе можат да изберат дестинација, да дознаат на кој начин најлесно може да стасаат до таму и да го платат превозот по пат на апликација на „смартфон“.
Апликацијата ќе функционира како планер за патувања и универзална платформа за наплата на сите опции на превоз од автобуси, траекти, такси до изнајмување на велосипеди.
Според најавите оваа апликација би требало да биде лесна за употреба и на луѓето да им обезбеди ефтино и едноставно патување, поради што постои можност да се откажат од своите автомобили.
Е. Г.