Во рамки на акцијата „Еринди“, полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро заплени 260 килограми марихуана.
Дрогата била пакувана во 24 големи вреќи и транспортирана со комби возило. Кога забележал дека го следи полицијата, возачот, ја зголемил брзината и се обидел да побегне по спореден пат но се удрил во портата на една куќа, по што го напуштил возилото и се дал во бегство.
Според полицијата комби возилото тргнало од околината на селото Лазарат, јави дописникот на МИА од Тирана.
Само неколку часа претходно полицијата пронајде марихуана но во помала количина, околу 60 килограми, исто така во комби возило, скриена под седиштата. Уапсен е 23-годишен жител на Валона.
Полицијата се сомнева дека жителите од ова подрачје, пред таа да влезе во селото, дел од марихуната успеале да засолнат во планиснките предели.
Инаку, во едномесечната акција во ова село уништени се над 85 тони марихуана и околу 150 илјади стебла и садници од ова наркотично растение.