Сочувство од Вељаноски до семејствата на загинатите пилоти од МВР

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати писма со сочувство до семејствата на загинатите припадници на хеликоптерската единица на МВР.

– Почитувани, дозволете од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Македонија во овие мигови на голема тага да ви упатам најдлабоко сочувство за загубата и трагичното загинување на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков, Иљо Лопатички. Во овие тажни мигови со сите вас ја споделуваме болката од нивното прерано заминување, вели Вељаноски во писмата.

Трагичната несреќа и заминувањето на  врвни професионалци, ценети и почитувани пријатели и колеги, истакнува претседателот на Македонското собрание, е голема загуба пред се за семејствата и блиските, но и огромна загуба за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи