Претпоследниот натпревар на Светското првенство во Бразил вечерва (почеток 22 часот) ќе го играат домаќинот Бразил и Холандија. И двете селекции во полуфиналето беа поразени, но многу потежок беше поразот (1:7) на Бразил од Германија, отколку пенал елиминацијата на Холандија од Аргентина.
Дуелот за третото место е најнепосакуваниот натпревар на Мундијалите, особено што е тешко кај играчите повторно да се најде мотив за игра по загубен натпревар и изгубена шанса да се игра во големото финале.
Според најавите можно е селекторот на Бразил, Фелипе Сколари да направи неколку промени во тимот, додека неговиот колега од спротивниот табор Луис Ван Гал, е во слична ситуација и ќе треба да ги одбере најдоготвените во финишот на шампионатот.
Досега двете репрезентации на Светските првенства имаат одиграно четири натпревари, а Холандија има две победи. „Лалињата“ слевеа на последното СП во Јужна Африка во четвртфиналето победија со 2:1 и пред 40 години на Мундијалот во Германија остварија триумф од 2:0.
Бразил има една победа во четвртфиналето на СП 1994 година во САД со 3:2 и една пенал победа четири години подоцна на СП 1998 година во Франција во полуфиналето откако по 1:1 на пенали беше 4:2 за „кариоките“.
Дуелот за третото место ќе го суди Џамел Хаимуди од Алжир.