Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во рамки на посетата на Турција ќе се обрати на свеченото отворање на „ТОББ Меѓународниот бизнис форум“ во Истанбул, на кој ќе учествуваат над илјада бизнисмени и претставници на меѓународни институции од 85 земји во светот.
Иванов вчера оствари средба и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Вселенскиот патријарх изразил задоволство од честите средби и размената на мислења со претседателот Иванов.
„Среќен сум што секогаш кога сте вие во Истанбул ме посетувате, посебно сум среќен што оваа година ме посетивте и за Велигден. Во вас имам пријател, интелектуалец и лидер посветен на духовните вредности“, изјавил вселенскиот патријарх Вартоломеј.