Седумнаесетгодишната Белгијка Аксел Деспигелеркоја неодамна стекна слава станувајќи заштитно лице на „Лореал“, очигледно веќе се соочува со првите проблеми како резултат на популарноста.
Имено, Аксел, која ја доби понудата на „Лореал“ откако на интернет се појавија нејзини фотографии како навива на натпреварот меѓу Белгија и Русија на Мундијалот во Бразил, освен љубовта кон фудбалот, негува љубов и кон убивањето.
„Сиднеј Морниг Херлад“ на социјалните мрежи пронајде нејзини фотографии на кои таа позира до убиени животни држејќи пушка во рацете. Поради вакви слични фотографии многу славни личности и политичари досега се најдоа на удар на критиките.
– Ловот не е прашање на живот или смрт. Ловот е нешто многу повеќе од тоа, напишала Аксел под една од овие фотографии.
„Лореал“ досега не се огласи околу овој скандалот, но младата Аксел може да се соочи со проблеми, бидејќи оваа компанија со години активно се залага за заштита на животните.
Како ќе заврши целиот случај ќе дознаеме наскоро.