Протестот против пресудите за обвинетите во „Монструм“ заврши иако беше во тензична атмосфера. Демонстрантите овој пат не се судрија со полицијата и се повлекоа кон Чаир. Неколку малолетници кои веројатно сакаа да предизвикаат инцидент фрлија со камења и гранки, додека повозрасните кои беа исто дел од протестите ги убедуваа да се разотидат.
Додека демонстрантите се повлекуваа настана и тепачка меѓу нив од засега непознати причини.
Специјалните единици на МВР воопшто не интервенираа, а групата за време на целиот протест извикуваше ДУИ не е УЧК, УЧК е со народот.
Пред камерите застанаа и роднини на дел од осудените во „Монструм“ кој побараа разрешување на обвинителката Гешкоска која го водеше случајот. Освен од неа побараа од позицијата министер за внатрешни да се повлече и Јанкуловска, ослободување на осудените како и на оние кои беа уапсени на насилните протести минатиот петок.
Освен роднините зборуваа и албанци од дијаспората кои река дека Никола Груевски и ДУИ употребуваат сила против албанците.
Денешниот протест предизвика интерес и кај новинарските екипи од соседството. За настанот известуваа новинари од Бугарија, Турција и Србија.
Бојан Стојановски