Граѓанскиот синдикат ОДРАЗ повикува на мир и единство

Од:

Граѓанскиот синдикат ОДРАЗ (Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија) повикува на мир и единство по повод најавените масовни протести поради пресудата за Монструм.

ОДРАЗ бара  да надвладее разумот кај сите граѓани без разлика на нивната етинчка, верска или друга различност.

„Деновиве сме сведоци на немили настани кои биде поттикнати од донесената пресуда за убиството кај Смилковското езеро, каде своите животи ги загубија пет млади лица, на Велики четврток, најтешкиот празник во Христијанската вера.

Убиецот нема друго име освен убиец и треба да ја добие својата заслужена казна, според законите кои владеат во нашата држава.
Таквите пресуди не треба да бидат причина за организирање протести, поради тоа што никој не треба да поддржи убијци.

Ги повикуваме припадниците на албанкосто население во Република Македонија, нивните лидери и верски претставници да вложат напор ситуацијата да се врати во нормала, исто така ги повикуваме и нивните најблиски доколку имаат докази како што реагираат дека овие лица не се извршители или работеле по нарачка на некој нарачател кој сака како и секогаш да остане скриен од јавноста и од правдата да ги изнесат своите информации до надлежните инстисуции до Република Македонија.

Се додека го премолчуваат и не сакаат јавно да го кажат нарачателот односно потпалувачот на меѓуетничкиуот раздор, осудените ќе ја оддржуваат кажната.Нарачателите ќе уживаат гледајќи од страна како се убиваме меѓусебе и како си ги уништуваме своите домови односно нашата држава .

Затоа ние од ОДРАЗ како и многу пати до сега јавно повикуваме на мир и единство, да победи разумот, а ние народот и да го стопираме самоуништувањето и да не дозволиме да се леат солзи на македонските , албанските и останати мајки.

Добро знаеме на кого му одговара ваквата ситуација која што се спрема подолго време, но сега сакаме јавно да ги повикаме и да им кажеме дека ако сакаат да направата воен конфликт ќе излеземе на улица тогаш кога ќе го видиме Никола Груевски со своите послушници од една страна и Али Ахмети и неговите од другата страна, па нека се испотепаат помеѓу себе, а ние народот ќе гледаме како што тие постојано прават со нас.

Да победи разумот и да не го нарушиме соживотот кои го граделе нашите претходни генерации со години наназад, да останеме единствени и при добро познатите политички измамници.Сите овие конфликти се креирани за тие добро да владеат со режимот и диктатурата во Република Македонија“, се вели во соопштението на ОДРАЗ.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски