Германскиот репрезентативец Тони Крос, кој во полуфиналето против Бразил одигра одличен натпревар има големи шанси да го добие признанието МВП (најкорисен играч) на Светското првенство.
На дуелот со Бразил, Крос постигна два гола и имаше една асистенција и на листата за најкорисни играчи направи скок и изби на чело. Во досегашниот тек на шампионатот Крос има вкупно 443 точни додавања. Тој просечно има претрчано 11,7 километри на еден натпревар. Во ТОП 10 според индексот од германската селекција се наоѓа уште голгетерот Томас Милер, а од редовите на вториот финалист Аргентина нема играч во ТОП 10.
Листа на ТОП 10: Тони Крос (Германија), Карим Бензема (Франција), Ариен Робен (Холандија), Тиаго Силва (Бразил), Оскар (Бразил), Стефан де Фрај (Холандија), Томас Милер (Германија), Давид Луиз (Бразил), Хамес Родригез (Колумбија) и Нејмар (Бразил).