Колумбискиот фудбалер Камило Зунига пристигна во родниот град Чигородо со обезбедување од дури десет телохранители.
На Мундијалот во Бразил, Зунига по еден невнимателен и груб старт тешко го повреди домашниот играч и ѕвезда на „кариоките“ Нејмар кој го пропушта остатокот од првенството.
Бразилците токму овој момент го сметаат како пресуден за нивниот неуспех и катастрофалниот пораз од Германија кога во составот го немаше Нејмар.
Зунига почна да добива голем број закани, дел од нив се однесуваа и по неговиот живот. Тој во Колубија ќе остане неколку дена по што ќе се врати во Италија во својот клуб Наполи.