Поглаварот на Исламска верска заедница, Реис-ул-улема Сулејман Реџепи со предупредување да не се злоупотребуваат верските чувства во политички и други цели.
-Во протестите што ги видовме во Скопје, имаше премногу хорор. Странски знамиња! Знамиња со арапски текстови. Знамиња кои не припаѓаат на нашата нација или нашата држава, па дури ни на нашата вера. Зошто е потребно знамето на Саудиска Арабија да се вее пред носовите на македонските полицајци. Јас не верувам дека арапската држава ќе им дозволи да манипулираат со националното знаме. Јас лично би ги застрелал овие лица што вака го изразуваат гневот против полицијата, затоа што таквите лица, без сомнение, се вметнати со цел да се девалвира националниот или верски протест, изјави за „Коха“, Реис-ул-улема Сулејман Реџепи.
Тој истовремено предупредува дека е „многу ризично“ да се организираат протести чиј организатор не се знае и стануваат девалвирачки и штетни. Ова е прва ваква остра реакција од духовниот водач на ИВЗ за протестите за овој случај, но и за другите.