Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Германија и Аргентина и во таа прилика најверојатно ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштено е денес од Кремљ.
– Претседателот Путин најверојатно ќе разговара со Меркел околу тензиите кои владеат во Украина, стои во соопштениот од Кремљ.
Освен со германската канцеларка, предвидени се и други билатерални средби со светските лидери.
Претседателот на Русија ќе учествува во Свечената церемонија на преземање на улогата домаќин на светскиот шампионат 2018 година.
Путин за време на шестдневната посета на Јужна Америка, покрај Бразил планирано е да ги посети Куба и Аргентина.