Светската фудбалска асоцијација – ФИФА ја суспендира Нигерија од сите натпреварувања поради мешање на политичарите во работата на Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Пред изрекувањето на суспензијата ФИФА официјално предупреди дека може да дојде до такво нешто, особено по одлуката на нигерискиот суд да го смени претседателот на тамошниот Сојуз.
Покрај репрезентацијата под суспензија се наоѓаат и сите клубови кои во новата сезона нема да може да настапуваат во ниту едно африканско натпреварување.
Прво натпреварување на кое Нигерија нема да има своја репрезентација поради казната на ФИФА е СП за девојки до 20 години кое ќе се игра во август.
Казната на ФИФА ќе трае се додека Фудбалскиот сојуз во Нигерија не добие раководство избрано без притисок од политичарите.