Идентификувани уште 10 лица учесници на насилните протести во петокот и саботата

Од:

Министерството за внатрешни работи врз основа на сопствените видео-материјали, но и видео-материјалите добиени од медиуми, идентификуваше уште 10 лица кои учествуваа во насилните протести кои се одржаа минатиот петок и сабота. Сите се од Скопје на возраст од 18 до 40 години.

Со тоа, соопшти денеска МВР, бројот на учесници во екстремно агресивните протести, против кои ќе следува натамошен прогон се зголеми на 34 лица.
Од овие лица, мерки на кривичен прогон ќе бидат преземени против 24 кои се товарат дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“. За ова дело предвидена е казна затвор од 6 месеци до 3 години или доколку станува збор за организатор на толпата од 1 до 5 години затвор.

Останатите 10-мина се прекршочно гонети, односно издадени им се платни налози за глоба и процесуирани им се прекршочни пријави по Законот за прекршоци од јавен ред и мир. Делата кои им се ставаат на товар се: „постапување спротивно на наредбата на надлежен државен орган или службено лице,“ „неоддалечување од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен“ и „карање, викање или непристојно и дрско однесување на јавно место“.

МВР продолжува да работи на идентификување на сите кои учествуваа во насилните протести во кои беа оштетени повеќе згради и дуќани, а беа повредени вкупно 32 полициски службеници, како и 10 граѓани кои побараа медицинска помош во скопските медицински установи.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски