Велика Британија воведе засилени безбедносни мерки на аеродромите, одобрувајќи им на своите безбедносни службеници од секој патник, не само оние што патуваат за САД, да бараат да ги вклучат своите електронски апарати со цел да се заштитат од скриени експлозиви.
Патниците кои патуваат за и од Велика Британија денеска се соочија со новите правила.
Патниците од Франција за САД од вчера се подложени на таквите засилени проверки, а Националната агенција за безбедност на аеродормите соопшти дека се очекува построгите безбедносни мерки да останат во сила во текот на целото лето.
Германија соопшти дека патниците за САД треба да очекуваат проверки, но не прецизираше кога ќе почне да ги применува.
Претставници на американското разузнавање се загрижени од новите обиди на Ал Каеда да произведе нов тип бомба. Вклучувањето на компјутерите и телефоните на скенерите по аеродромите им дава можност да утврдат дали тие работат и дека на местото на батериите не се поставени експлозиви.