Студентка од Лондон, од британската муслиманска заедница е уапсена од полицијата кога се обидувала да прошверцува во странство 20 илјади евра за финансирање на борбата на џихадистите.
Инцидентот се случил на најголемиот лондонски и британски аеродром Хитроу, кога кај 27 годишната Навал Мсаад, сокриени во нејзината долна облека, биле откриени пари.
Царинските власти ја повикеле полицијата, а таа ја уапсила студентката.
Во текот на сослушувањето, Мсаад тврдела дека сакала да патува за Турција и во Истнабул да помине неколку денови на одмор и на шопинг.
Високиот износ од пари што е најден кај неа,сокриен во облеката, наводно, требало да и послужат за купување подароци и роденденски накит за нејзината мајка.
Истрагата подоцна утврди дека студентката не била турист,ниту патувала туристички во Истанбул, туку курир на џихадистите кои војуваат во Сирија, со тамошната вооружена опозиција, за соборување на претседателот Башар ал Асад. Таа требало да ги предаде парите на определена адреса, на друг човек за врска во Турција, за да потоа еврата бидат префрлени „некаде во Сирија“.
Навал Мсаад, всушност, била поткупена од својата пријателка Амал ел Вахаби, за да ја изврши курирската работа. Таа требало илегално да пренесе пари за нејзниниот сопруг Ејн Дејвис, кој војува на сирискиот фронт со џихадистите за „сунитската кауза“.
Мсаад е обвинета за помагање и финансирање на тероризмот, според одредбите на законот за тероризам и изведена на судење.