А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јахјага го осуди палењето на македонското знаме

by А1он09/07/2014 - 10:40295
Share0

Косовската претседателка Атифете Јахјага го осуди палење на македонското знаме на протестот одржан во Приштина, оценувајќи го чинот како неприфатлив.

Добивај вести на вибер

– Иако протестите се право загарнтирано со Уставот и законите на Република Косово за да се искаже незадоволство по разни прашања, вакви непромислени акти кои имаат за цел поттикнување омраза се во целосна спротивност со вредностите и идеалите кои ги прифативме како демократско општество, нагласува Јахјага во соопштението за јавноста.

Таа бара од полицијата и правосудните органи пред правдата да ги донесат сторителите на ова дело.

На одржаниот протест доцна попладне вчера, пред македонската амбасада во Приштина, која беше под силно обезбедување, беше запалено македонското знаме и носени и извикувани пароли како „Ние сме 10 милиони војска, подготвени за војна“, „Еден народ, една крв, една мајка, едно знаме“, „Време е за обединување“… Меѓу демонстрантите беше и познатата пеачка од Скопје Алтуна Сејдиу-Туна.

Протести во знак на подршка на Албанците во Македонија доцна попладнево беа одржани во Тирана и северниот албански град Скадар, кои беа најавени преку социјалните мрежи. „Скопје, срцето на Албанија“ „Еден народ еден сон“ се само некои од напишаните и извикувани пароли. Протестот во Тирана, одржан пред објектот „Пирамида“ беше засилен со европскиот шампион во бокс Нури Сефери, по потекло од Гостивар, кого го нарекуваат „Албански Тајсон“ кој побарал да се стави крај на насилството врз Албанците.

kosovozname

Би можело да ве интересира

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски29/11/2025 - 17:4729/11/2025 - 20:53

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Горан Наумовски20/11/2025 - 15:04

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски16/11/2025 - 20:5616/11/2025 - 21:05

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп идната година

Катерина Ѓуровски04/11/2025 - 11:3104/11/2025 - 12:44

Минималната плата во Косово во 2026 година – 500 евра

А1он31/10/2025 - 16:16

На Косово му се заканува институционална криза, најголема од прогласувањето на независноста

Горан Наумовски31/10/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен