Повици од целиот свет за воздржаност меѓу Израел и Појасот Газа

Од:

Ескалација на судирите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа предизвика повици за воздржаност од целиот свет.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги осуди нападите на Израел и ги повика двете страни да престанат со агресијата, пренесуваат израелските медиуми.

Бан повторно повика сите учесници да покажат максимална воздржаност и избегнат дополнителни цивилни жртви и сеопшта дестабилизација, изјави портпаролот на Бан, додавајќи дека Генералниот секретар ги осудува најновите ракетни напади на Израел од Газа, како и дека нападите на цивилни подрачја мора да престанат.

Претседателот на Арапската лига Набил Елараби повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за преземање мерки за прекин на насилството.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ги осуди нападите и повика на смирување.

– Народот на Израел има право да живее без постојан страв за својата безбедност, додека народот во Газа исто така има право да живее во мир, изјави Хејг.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел