Саем за работа во Скопје

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи Саем за работа, чиј домаќин е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

На саемот ќе се претстави и компанија од САД,  која планира да отвори свое претставништво во Македонија.

Компанијата, која е мултинационален контакт центар со 12.000 вработени, планира 2.000 вработувања во Македонија кои ќе обезбедуваат грижа и техничка поддршка на големи компании од САД. На идните вработени ќе им обезбеди платена обука која ќе трае осум до 10 недели со цел да ги научат основните вештини за грижа на корисници и ќе им бидат понудени специфични тренинзи за продуктите на клиентите.

Претставништвото на компанијата во Македонија ќе работи на поддршка на корисниците во САД, со време адаптирано на клиентите во САД.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on