Изола ди Мал Вентре, ненаселен остров во Медитеранот, што нуди чувство на недопрен рај на Земјата, се продава за 1,5 милиона евра.
Ова е едно од ретките расположливи острови во Медитеранот, а се наоѓа на само неколку километри од северниот брег на Сардинија, пренесува весникот „Фигаро“.
Островот има два километра должина, и поседува 80 хектери флора и фауна.
Во моментов тој е во сопственост на англиски бизнисмен кој одлучил да го продаде.
На островот нема објекти за живеење, електична енергија, ниту вода за пиење, а изградбата на вила може да чини околу 10 милиони евра.
Единствени траги на човечко присутво се остатоците на столбови од периодот на стариот Рим, како и една колиба.
Најблиското пристаниште е оддалечено од островот девет километри.