Израел во текот на ноќта изврши воздушни напади врз цели во Појасот Газа, како дел од операцијата против борци на исламистичката група Хамас.
Хамас, изминатите неколку недели ги зачести ракетните напади на израелска територија. Палетсински службеник изјави дека во текот на ноќта биле извршени два возудшни напади врз домови во јужниот дел на Газа.
Една од куќите припаѓала на член на Хамас. Девет лица се повредени во нападот. Нема информации за жртви.