Концерт на Неврокопски ансамбл за народни песни и ора

Од:

Во рамки на „Скопско лето- 2014“ вечер на плоштадот Филип Втори Македонски во Скопје концерт ќе одржи Неврокопски ансамбл за народни песни и ора од Гоце Делчев, Бугарија, во соработка со ансамблот за народни игри и песни на Македонија НУ „ТАНЕЦ” и ЈУ ЦОП Универзална сала.

Неврокопскиот ансамблот за народни песни и ора, првиот ансамбл од овој тип во Бугарија, е основан во 1946 година. Своевермено бил познат под името „Јане Сандански“ кое достинствено го носел со години. Исто така е познат и како Ансамбл од регионот Неврокоп, по старото име на градот Гоце Делчев во Бугарија.

Повеќе од половина век креативна работа, Ансамблот од Неврокоп, открива, презентира и репродуцира народни песни, народни танци и традиционални фолклорни и етнографски богатства на бугарската нација.

Ансамблот досега има настапувано на околу 4.000 концерти пред повеќеод 3.6 милион гледачи, со турнеи во Полска, Унгарија, Југославија, Македонија, Русија, Латвиа, Украина, Грција, Италија, Канада, Холандија, Германија и Египет. Ансамблот има издадено 2 ЛП плочи, 1 ЦД, 1 аудио касета, и има направено многу снимки во Националното радио и телевизија на Бугарија.

Има добиено повеќе национални и меѓународни награди како почесната титула „Репрезентативен ансамбл“ и орден „Кирил и Методиј“ – прв степен.

Во ансамблот членуваат околу четриесеттина пејачи, играорци и оркестар кој свири на традиционани инструменти како кавал, гајда, тапан и тамбура.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска