Кумановци се зачленуваат во Регионалниот синдикат

Од:

Расте заинтересираноста на работниците во Куманово за зачленување во Регионалниот синдикат. Од синдикатот информираат дека во тек се преговори со вработени во фирми од агро- индустријата, вклучително од компании и во државна и приватна сопственост од која индустрија во последно време се зачленуваат најголем број работници.

– Добар одзив има кај вработените во претпријатијата од оваа индустриска гранка. Постојано имаме барање бидејќи вработените сфатија дека само синдикатот може да ги штити нивните интереси, поради фактот што гранковите синдикати нудат колективни договори со кои на вработените им се нудат регулирани права и обврски.Тука пред се се мисли на почитување законот за минимална плата, користење годишни одмори, боледувања, утврдување на право за користење на регрес за годишен одмор или К-15, вели претседателот на Регионалниот синдикален совет Миле Спасовски.

Секој работник, додава тој, за членарнирна од само 50 до 60 денари губи по 100 евра месечно, бидејќи не е синдикално организиран и нема потпишано колективен договор на ниво на претпријатие.

– Работниците во одредени работни организации не добиваат надоместоци за ноќна работа, празници, прекувремена работа или пак во оредени претпријатија ниту превоз и хранарина, иако се опфатени во бруто плата и надоместок за минат труд бидејќи не се зачленети во Синдикатот и нема кој да ги штити нивните права, истакна Спасовски.

Од кумановскиот синдикат, информираат дека интензивно преговараат со средни претпријатија од градот за зачленување во синдикатот. Најголем интерес има токму во агроиндустријата кај средните и мали претпријатија а добар одзив има кај вработените во сообраќајните и транспортните претпријатија.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски