Тристраната контакт група на претставници од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) разговараа синоќа во Киев за ситуацијата во источниот дел на Укрина и ја истакна потребата за итно решение на кризата, соопшти ОБСЕ.
Врз основа на мировниот план на претседателот Петро Порошенко и заедничките декларации на министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Франција и Германија, усвоени во Берлин на 2 јули, Контакт групата укажа на потребата од конкретен напредок кон мирно решавање на кризата, се наведува во соопштението.
Контакт групата смета дека следната рунда консултации треба да биде одржана без одложување и ги повика сите страни следниот состанок да биде одржан што е можно побрзо, се истакнува во соопштението на ОБСЕ.