Попладнево, околу 300 демонстранти се собраа пред седиштето на Општина Струга изразувајќи го својот револт од правната разрешница на случајот „Монструм“.
Од пред седиштето на Општина Струга, демонстрантите се упатија пред Основниот суд во Струга каде го блокираа патот. Учесниците на денешните протести прошетаа и низ струшката чаршија, како и покрај кејот на реката Црн Дрим.
Денеска, преку социјалните мрежи беа најавувани протести во повеќе градови против одлуката на судот за доживотна затворска казна на шестмина од обвинетите за убиството на петте млади момчиња кај Симљковското Езеро.
Ф.Ј.