Израелски борбен авион нападна денеска 10 места кои ги користат палестинските екстремисти во Појасот Газа, како одговор на постојаното ракетирање од тоа подрачје, соопшти израелската војска.
Лансирните рампи и погоните за производство на оружје биа цел на воздушните удари по испукувањето на ракетата, која доцна синоќа ја пресретна израелскиот систем „железна купола“ во најголемиот јужен град, Бер Шеви.
„По константниот ракетен оган врз израелската заедница на југот, израелски авион целеше 10 терористички места во централниот и јужниот дел на Појасот газа“, соопшти армијата.
Засега нема информации за жртвите во тие напади.