Либија: Киднапирани инженери од Македонија, БиХ и Италија

Од:

Тројца инженери од Македонија, Босна и Херцеговина и Италија, што работеле за италијанска градежна компанија, најверојатно се киднапирани Либија, објави италијанската агенција АНСА.

Автомобилот на тројцата инженери, чиј мотор се уште работел, е пронајден кај градот Зувара, западно од Триполи. Колегите последен пат ги виделе околу седум часот изутрина, по локално време.

– Тие се исчезнати и веруваме дека се киднапирани, изјави претставник на либиските власти.

Македонецот Емилио Гафури, Италијанецот Марко Валиса и Босанецот Петар Матиќ се вработени во италијанската фирма „Пјачентини Конструциони“ од Модена.

Обидите да се дознае што се случило со нив, засега не вродија со плод.

Италијанското Министерство за надворешни работи го потврди исчезнувањето на нивниот државјанин, истакнувајќи дека се во контакт со неговото семејство.

Двајца италијански инженери беа киднапирани близу Дерна во јануари, а ослободени после три недели. Се уште нема информации за уште еден италијански државјанин, кој беше киднапиран во март.

Во Либија во пораст е киднапирањето на дипломати, странци но и Либијци, бидејќи властите не се во состојба да ги контролираат милициите кои помогнаа во симнувањето од власт на Муамер Гадафи во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски