Напаѓачот на Чиле, Маурисио Пиниља го истетовира ударот што заврши во пречката во завршните мигови од дуелот против Бразил во осминафиналето на СП 2014.
Маурисио Пиниља можеше да биде херојот на Чили и да го елиминира Бразил од мундијалот, но неговиот удар од врвот на шеснаесетникот во 120. минута од средбата заврши само во пречката.
Иако Пиниља на крајот беше трагичар, напаѓачот реши да го овековечи ударот со тетоважа и зборовите „еден сантиметар до слава“.