(ВИДЕО+ФОТО) Куманово: Партиски протести поради недостиг на вода

Од:

Две групи граѓани денеска одржаа протести во Куманово, со цел да го искажат своето незадоволство затоа што речиси еден месец немаат вода.

На првиот протест, кој што се одржа на Градскиот плоштад во 11 часот, присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, општинската администрација, членови на СДСМ, како и бројни граѓани.

10508367_10203249516731488_1570213378_n

10533538_10203249516971494_1134722545_n

Дамјановски истакна дека овој мирен собир е резулат на најавениот протест од политички мотивирани граѓани, кои што само еден час подоцна, поради истата причина, протестираа пред Општината.

-Ова јасно укажува дека проблемот со вода во Куманово е политички обоен, бидејќи има два различни собири. Се работи за мал протест, кој нема да продолжи, затоа што во моментов екипа од јавното претпријатие Водовод и Водостопанство, предводени од пратеникот Зоран Ѓеоргиевски се на средба со министерот за земјоделство, за да најдат решение за овој повеќегодишен проблем-истакна Дамјановски.

10510122_10203249516931493_1045320092_n

10536709_10203249516851491_2094559663_n

Само еден час по протестот на Градскиот плоштад, неколкумина жители од населбата Карпош, револтирани од претходниот протест, но и од тоа што веќе еден месец се без вода, протестираа пред Општината и го обвинија градоначалникот и јавното претпријатие „Водовод“ дека се виновни за проблемот.

-Не сакаме политичко обележување, не подржуваме ниту една политичка партија, туку бараме основни граѓански права кои што ни се загарантирани. Тој што е виновен, проневерил пари и не сака да ни ги овозможи условите за живот, тогаш нека одговара за тоа. Сите се обвинуваат и ја префрлаат топката од еден на друг. Ние ги плаќаме сметките и сакаме вода-истакнаа граѓаните.

Градоначалникот на Куманово ги прими граѓаните од населбата Карпош, при што им соопшти дека групите на ЈП Водовод, Водостопанство и министерот за земјоделство постигнале договор за алтернативен вод на бајпас и веќе во понеделник треба да започне нормално водоснабдување.

10524812_10203249516771489_68056839_n

10520878_10203249516811490_1351050559_n

10516990_10203249517051496_802099854_n

10516942_10203249517091497_451630251_n

10510345_10203249517451506_1201834800_n

10487730_10203249516691487_1642882837_n

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра