Хаос по улиците во Скопје, повредени полицајци, уапсени демонстранти, превртени контењери по улиците и искршени продавници во трговскиот центар „Чаирчанка“ е исходот од денешните немири.
По каменувањето на полицијата и Судската палата, големиот број демонстранти беа спречени да се упатат накај Владата, со што големото полициско обезбедување ги потисна назад и ги спречи во обидот.
Полицијата употреби солзавец, шок бомби и водени топови за да ги спречи демонстрантите да се упатат кон Владата. Протестите против пресудата за обвинетите од „Монструм“ иако беа најавувани како мирни, се претворија во насилни.
Демонстрантите извикуваа „УЧК“, „Мафијашка држава“, а од нивните камења не беше поштеден никој.
Големиот број демонстранти во моментов се потиснати до Јаја Паша џамијата, местото каде што почнаа денешните протести.
Петар Клинчарски