По нападот на Судската палата со камења од страна на демонстрантите, кон местото се упатија специјални полициски сили што предизвика дополнителна агресија кај луѓето кои протестираа за доживотните казни затвор во случајот „Монструм“.
Демонстрантите се упатија кон владата, но по интервенција на полицијата со шок бомби се распрскаа кај Трговскиот Центар.
Во меѓувреме бројни полициски возила кружат кај Судската палата и МНР во правец на Трговскот центар Мавровка.