По завршувањето на петочната молитва, започнаа протестите од пред трговскиот центар „Чаирчанка“.
Големиот број граѓани се упатија кон Осовниот суд 1.
Демонстрантите извикуваа „Сакаме правда“ и „Мафијашка држава“, а во еден момент започнаа да фрлаат со камења кон полициското обезбедување, распоредено во центарот на Скопје.
Протестот се одржува поради незадоволство од судската пресуда за случајот „Монструм“, во кој шестимина од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро добија доживотна казна затвор.
Петар Клинчарски