(ВИДЕО) Судот ги отфрли аудио доказите за 1,5 милиони во кеш и сведочењето на Ден Дончев

Од:

По жолчна расправа на адвокатите на Зоран Заев и Никола Груевски, судот денеска одлучи дека презентираната снимка од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев каде тврди дека сегашниот премиер договорил 1,5 милиони евра во кеш провизија за продажбата на Македонска банка, како и сведочењето на Ден Дончев кој ја договори провизијата ги оцени како не релевантни и не ги зема предвид па и затоа судијата и ги отфрли.

Иако адвокатите на Заев бараа Ден Дончев да сведочи за што имале и негова согласност и адреса во Австралија каде и живее, судот го одби ова барање, дозволувајќи исказ пред судот да даде контровезниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини кој воедно и ја купи Македонска Банка.

На почетокот од подготвителното рочиште кое траеше цели пет часа, адвокатите на Заев бараа од судот да ја прекине постапката со образложение дека иако обвинителство решило дека случајот Македонска банка е застарен, сепак имало период предвиден за жалба и дури тогаш решението ќе станело правосилно, но судот го одби и ова барање.

Следните рочишта на Груевски против Заев се закажани за втори и трети септември за кога треба да се разгледуваат и презентираат материјални докази но и сведочење на предложени сведоци, додека следниот ден во судница судот обврза да се појават и Груевски и Заев.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија