ЛДП: Груевски да покаже поголема иницијатива за решавање на спорот со јужниот сосед

Од:

Либерално-демократската партија го поздравува почетокот на 6 месечното италијанско претседателство со Европската Унија. ЛДП верува дека владата на Груевски по сериозната стагнација и заостанување на РМ на патот кон ЕУ, во овој период, ке покаже капацитет и ќе ги исполни дамнешните ветувања кон македонскиот народ и етничките заедници дека РМ ке добие датум за отпочнување на пристапните преговори во Европската Унија.

„Во својата агенда, Италија истакна дека проширувањето на ЕУ ке биде третирано прагматично. Прагматичниот метод бара и прагматични решенија и од страна на раководството на Република Македонија. Од една страна Владата со која раководи Г.Груевски е должна да покаже поголема иницијатива во поглед на решавање на спорот со јужниот сосед, а од друга страна, Владата се соочува со сериозни проблеми на дефицитарноста на демократијата, слабиот економски раст, високата стапка на невработеност, високата стапка на сиромаштија“, стои во соопштението на ЛДП.

ЛДП се надева дека за време на овој шестмесечен период, Владата на Никола Груевски ќе превземе поискрени, порешителни и посериозни реформи во доменот на политичкиот систем. Очекуваме, велат, власта не само да се залага, туку и да направи конкретни чекори кон демократизацијата на македонското општество, независноста на судството, слободата на медиумите, разбивање на сраснатиот државен и партиски апарат, воспоставување на политичкиот дијалог со опозицијата и меѓуетничките односи.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ