Светските лидери го осудија убиството на младиот Палестинец

Од:

Британкиот премиер Дејвид Камерон и министерот за надворешни работи Вилијам Хејг изјавија дека се згрозени од вчерашното убиство на палестинскиот тинејџер, ден по погребот на тројца израелски тинејџери што беа киднапирани и убиени на Западниот Брег.

Камерон на Твитер порача дека загубата на четворица тинејџери неделава ужасно поттикнува на потребата за траен мир.

Хејг го осуди убиството на палестинскиот тинејџер од источниот дел на Ерусалим, наведувајќи дека е од суштинско значење да се казнат сторителите.

Пратеникот на четворката блискоисточни мировни посредници Тони Блер соопшти дека нема оправдување за таков гнасен чин и дека виновниците мора да бидат брзо пронајдени и изнесени пред лицето на правдата.

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама претходно го осуди убиството на палестинскиот тинејџер, оценувајќи го како ужансо и повика виновниците да се изнесат пред суд.

Блискоисточниот претставник на ОН Роберт Сери остро го осуди убиството на палестинското момче во Ерусалим, потсетувајќи на пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун дека не може да има оправдување за намерно убивање на цивили.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски