А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Самарас игнорира дека македонскиот јазик постои

by А1он02/07/2014 - 17:4364
Share0

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека не знаел дека македонскиот јазик постои и дека тој бил измислен од комунистите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Добивај вести на вибер

Самарас ова го кажа како одговор на прашање на дописникот на МИА, кое се однесуваше на процесот за проширување на ЕУ односно како Република Македонија ќе напредува во европската интеграција, со оглед на тоа дека главната пречка е токму спорот со името поради што е блокирана од Грција, откако Србија започна преговори, а Албанија доби статус на кандидат.

– Игнорирав дека Македонскиот јазик постои. Процесот на приклучување не е според распоред туку според заслугите. Во Европскиот Совет одлучивме да не отвориме преговори со земјите кои денес не одговараат на критериумите, бидејќи со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето и на целиот процес во Европска Унија. Кога ми го поставувате прашањето сакам да додадам дека кога непопустливоста го заменува дијалогот, нештата стануваат многу тешки за решавање. Крајно тешки. Тоа е политичката реалност денес. Што се однесува до Грција ние сметаме дека Скопје покажува голема непопустливост и тоа е лош знак не само за Грција туку и за целиот свет, изјави Самарас.

Во реакцијата, дописникот на МИА му одговори на грчкиот премиер дека македонскиот јазик постои и оти тој е признат јазик од лингвистите, дека јазикот не е измислен и оти тој јазик е зборуван и од припадниците на македонското малцинство во Грција, кое грчката држава не го признава. За тоа сведочи и студијата Евромозаик на Европската комисија.

По ова Самарас одговори на француски јазик тврдејќи дека тоа е измислено од комунистите.

– Има многу нешта што комунистите ги измислија самите, и не би сакал да зборувам за тоа, рече Самарас.

Попладнево пред европратениците во Стразбур се претставуваат приоритети за идните шест месеци на италијанското претседателство со ЕУ.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен