На вчерашниот осминафинален меч на Мундијалот во Бразил помеѓу фудбалските селекции на Аргентина и Швајцарија коментаторското дуо Златко Калински – Дарко Панчев беше „разнебитено“.
Гледачите на МТВ со неверување ја примија веста дека македонската фудбласка легенда, а сега и спортска коментаторска „ТВ ѕвезда“, Дарко Панчев нема да му прави друштво на коментаторското столче на поискусниот колега Златко Калински!
Ситуацијата ја спаси колегата Калински, објаснувајќи и на нацијата дека Драган Николовски е само привремено решение. Еднократна замена за Дарко Панчев само на овој меч.
Популарниот „Кобра“ има настинка, па заради проблемите со грлото и кашлицата останал „без добар“ глас, па паузата била изнудено решение. Еден натпревар одмор и Дарко еве го повторно назад во коментаторскиот тим. На следниот натпревар има да коментира, па макар тоа го правел и со шепотење или мимики!