Селекторот на Алжир Вахид Халилхоџиќ најави заминување од функција во африканската репрезентација.
Важечкиот договор со Алжирскиот фудбалски сојуз, по елиминацијата на Мундијалот му истече, а за негов наследник се спомнува Французинот Кристијан Гуркуф.
Веста за заминувањето на Халилхоџиќ предизвика неверување кај алжирските навивачи. Тие почнаа да собираат потписи за останување на досегашниот селектор. На иста линија се и репрезентативците.
Истовремено, навивачите на „пустинските лисици“ изразија негодување за неспособноста на сојузот да го задржи селекторот кој на Алжир му го донесе најдобриот пласман во историјата на Мундијалите.