СП 2014: Клинсман – Ја направивме нацијата горда

Од:

Германскиот стручњак и селектор на САД Јирген Клинсман рече дека е задоволен од прикажаното на Мундијалот и покрај елиминацијата во осминафиналето.

– Не е лесно да се изгуби по 120 минути. Дадовме се од себе. Овој натпревар беше прав трилер. Задоволен сум од сите играчи. Ја направивме нацијата горда. Фудбалот ќе продолжи да се развива во САД, истакна Клинсман по синоќешниот дуел со Белгија. Германецот не заборави да го нагласи настапот на Хауард.

– Тоа што го правеше Тим беше феноменално, неверојатно. Тој не остави во игра. Бранеше одлично и ги заслужува сите пофалби, додаде Клинсман.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска