Пакистан е решен да се пресмета со терористите во Северен Вазиристан, на североисток од државата, каде пред две недели армијата почна голема офанзива.
– Кога еднаш ќе ја завршиме операцијата во Северен Вазиристан, таму нема да остане ниту еден терорист, изјави портпаролот на пакистанската армија Асим Салим Баџва.
Пакистанската армија пред две недели почна офанзива во тоа племенско подрачје, кое граничи со Авганистан и се смета за бастион како на пакистански така и на авганистански талибанци, како и на припадници на терористичката мрежа Хакани.