Родителите од Подгорци: Бевме гласачи на ДУИ, но тоа е веќе минато

Од:

Родителите на учениците од струшкото село Подгорци кои настава следеа на албански јазик демантираат дека протестите пред неколку дена кои ги одржаа пред зградата на општина Струга имале политичка заднина.

„Господине градоначалник,воопшто не е точно дека политиката вмешала прсти во протестот ,туку тој е резултат на неодговорните ветувања од ваша страна и на вашата партија.Да ве потсетиме дека неодамна во с.Подгорци дојдовте вие и Сафет Незири на состанок кај нас и повторно ни ветивте дека нашите деца ќе учат во Подгорци и дека ќе се реши проблемот со свидетелствата за трите години.Од сето тоа нема ништо. Господине градоначалник,ова не е политика,туку е реален проблем што ни го создадовте со вашиот неодговорен однос“

Тое велат дека во изминативе неколку години биле гласачи на ДУИ, но оти тоа веќе е минато

„Ние родителите на овие деца,последните 10 години бевме ревносни гласачи на ДУИ,меѓутоа тоа сега веќе е минато,а на Вас и на ДУИ нека ви служи за чест големата лага која ја ветивте,и огромната штета која му ја причинивте на нашите деца. Од она што го слушнавме од вас ,не само ние,туку верувам дека и вие не разбравте што сакавте да кажете.Еднаш велите законот не дозволува да се формираат паралелки во с.Подгорци,потоа велите дека ќе ги формирате,и на крај го повикувате директорот на ОУ“Гоце Делчев“Подгорци и советот на родители да ја решат ова работа,бидејќи тие наводно биле виновни.Не градоначалник.Не се тие виновни,туку виновни сте вие и вашите луѓе кои за цело време не лажевте дека се е во ред и дека децата ќе учат на албански јазик во ОУ“Гоце Делчев“с.Подгорци“ стои во реакцијата на Одборот на родители од селото Подгорци.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност