Балетската претстава „14 часа“ ќе се изведе вечерва, во 21 часот, во Македонската опера и балет, во рамките на „Скопско лето“.
Ова современо балетско дело низ 12 сцени ги разработува женско-машките односи преку ликовите на Лили и Марк.
Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.
Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.