Акцизата на цигарите според измени на законот кој стапува на сила од денеска се зголемува за 0,15, односно 0,20 денари годишно се до 2023 година. Проценките се дека цигарите што се продаваат по 50 денари за 10 години би требало да чинат 90 денари.
Данокот и акцизата во структурата на малопродажната цена учествуваат со 75 проценти и може да се очекува да се зголемат цените на цигарите.
И со ова зголемување на акцизата во Македонија цената на име даноци и акцизи ќе биде пониска во однос на ЕУ. Минималното оптоварување во Македонија сега е 26,8 евра на ијалда парчиња цигари, а во Унијата 77 евра.
За десет години давачките во Македонија ќе пораснат на 55 евра за илјада парчиња, а во државите на ЕУ оптоварувањето ќе биде 90 евра.