Најмалку 14 ракети, што утринава беа истрелани од појасот Газа, паднаа во јужен Израел, соопшти армијата, а израелските медиуми наведуваат дека за ракетирањето е одговорно военото крило на Хамас.
Ова е првпат од осумдневната воздушна операција во 2012 година, на израелската армија врз оваа палестинска територија, исламистичкиот Хамас да истрелува ракети кон Израел. Оттогаш беа активни други, помали палестински екстремистички организации, а Хамас одбегнуваше директни напади врз Израел.
Ракетите се истрелани утринава, по ескалацијата на насилство во текот на викендот, кога една ракета погоди израелска фабрика, предизвикувјќи пожар.
Во израелската одмазда погина најмалку еден Палестинец.