Русија ќе одобри кредит за Србија со кој ќе се пополнат празнините во буџетот, а со тоа ќе се овозможи редовно исплаќање на платите и пензиите, дознава Танјуг.
Тоа е еден од резултатите од разговорите меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Тие разговарале за што поскоро потпишување на Стратешки договор, а до крајот на годината би требало да почне и изградбата на гасоводот Јужен тек, на територијата на Србија, како и со финансирање на низа проекти во областа на енергетиката, банкарството и инфраструктурата.
„Убеден сум дека ние свртивме апсолутно нова страница во односите меѓу Русија и Србија, во односите коишто не се засновани само на заедничката историја, религијата, традицијата и културата, туку исто така и на заемната економска корист”, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ, пренесува РИА Новости.
„Русија не гледа во тоа никакви проблеми за меѓусебната соработка”, додаде претседателот на Србија.