СП 2014: Клинсман очекува САД да играат во финалето

Од:

Селекторот на САД Јирген Клинсман е уверен дека неговите избраници ќе играат во финалето на Мундијалот во Бразил. Тој им рече на семејствата на американските репрезентативци да не вадат авионски билети за дома пред 14 или 15 јули.

– Ни рече дека до тогаш ќе бидеме во Бразил. Толку многу верува во овој тим, толку е позитивен. Ако сме сите такви сигурно ќе останеме тука уште некое време, истакна одбранбениот играч на САД Омар Гонзалес.

Американците утре од 22 часот против Белгија ќе го играат последниот дуел од осминафиналната фаза на Светското првенство.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска