Пакистанска тинејџерка жива запалена поради одбиена брачна понуда

Од:

Една пакистанска тинејџерка им подлегнала на повредите откако со бензин ја полеало и ја запалило момчето чија брачна понуда ја одбило нејзиното семејство, соопшти денеска полицијата.

Ова е второ брутално убиство во провинцијата Пенџаб во рок од само неколку дена, откако една 17-годишна девојка и нејзиниот сопруг биле убиени од роднини на младата, бидејќи се венчале против нивна волја.

Сидра Саукат (18) била сама во куќата кога Фајаз Аслам (22), чија брачна понуда нејзиното семејство ја одбила, влегол, ја полеал со бензин и ја запалил, изјави локалниот полициски началник Мохамад Акрам.

Инцидентот се случил во саботата во едно село крај градот Тоба Тек Синг.

-Девојката со тешки изгореници била префрлена во локалната болница, а потоа во главната, но на пат до таму им подлегнала на повредите, додаде Акрам.

Момчето е уапсено и против него е покренато обвинение.

Уште една тинејџерка (17) и нејзиниот супруг (31), во четвртокот вечерта биле убиени од таткото на девојката, нејзините двајца чичковци, дедото и мајката во истата провинција, бидејќи се  венчале против нивна волја. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица