Холандија со два погодока во финишот стигна до триумф над Мексико од 2:1 во осминафиналната пресметка на Мундијалот во Бразил.
Мексико од 48. минута имаше водсрво од 1:0, сепак „лалињата“ блеснаа во последните неколку минути обезбедувајќи четвртфинале.
Холандија израмни со голот на Снајдер во 88. минута на асистенција на Хунтелар, кој влезе од клупата. А тоталниот пресврт следеше во 94. минута по голот од пенал на Хунтелар.