Претседателите на Камерун и на Гана побараа да се спроведат истраги по повод случувањата во нивните репрезентации за време на нивното учество на Светското првенство во Бразил.
Првиот човек на Гана, Џон Махама веќе го смени министерот за спорт, а камерунскиот претседател Пол Бија од премиерот побара целосен извештај за неславниот настап на „лавовите“, како и план за темелна реконструкција и преструктуирање на камерунскиот фудбал.
Двете африкански репрезентации завршија последни во своите групи. Во нивните експедиции во Бразил владееше конфузија и кавги околу премиите. Имаше и закани од фудбалерите за бојкот на натпреварите.